Од таму велат дека продажбата на билетите почнува за два дена, односно на 19 февруари во 16 часот, а концертот е на 29 февруари во 20 часот.
Четирите дами од познатиот новосадски квартет „ Фрајле“ , Невена, Јелена, Марија и Наташа се препознатливи по нивната појава и музички стил. Квартетот е формиран во 2009 година, а во своето 11 годишно постоење, го пропатувале целиот свет. Концертите со нивните 4 моќни вокали се вистинско музичко доживување, а битолската публика ќе има можност да биде дел од музичката магија што ја создава Фрајле.
Е.М








