2win800x200

„ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА“, настан за враќање на некогашните градски вредности во Битола

Август 27, 2023
На 31.08.2023 г.(четврток) заедно со кафе бар Везилка и музичката група „Битолски тамбураши“ ќе се одржи настанот „ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА“ кај Безистен покрај река Драгор со почеток во 20.00 ч.
-Поведени од стиховите за нас на една од најубавите битолски песни на Петар Калица „Ако одам во Битола” во спој со духот и времето од живеењето во некогашна градска Битола, после повеќе од 70-тина години одлучивме да го разбудиме битолското во нас и да започниме повторно да си ги негуваме некогашните традиционални вредности по кои беше препознатлив нашиот град со намера сето тоа да продолжи и да трае понатаму како континуитет во Битола.
И затоа драги битолчани вашата поддршка ќе ни биде многу значајна и потребна. Настанот го организираме со сопствени средства и можности, од вас е потребно да си повелите на убава вечер со староградска музика со битолски и македонски песни. Покрај свежината на река Драгор, заедно со вас да си го вратиме духот на Дембел  чаршија, една од најпрепознатливите чаршии некогаш во градот, најавуваат организаторите.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани