2win800x200

Известување од Општина Битола за времен режим на сообраќај на улицата Солунска поради почеток на реконструкција

Август 31, 2023

Општина Битола од утре започнува со градежни активности на втора фаза за комплетна реконструкција на ул. „Солунска“, почнувајќи од спојот на ул. „Солунска“ со ул. „Тошо Даскало“.

Се известуваат граѓаните дека ќе се воспостави времен режим на сообраќај, согласно предвидениот сообраќаен проект. За таа цел, се молат граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да имаат трпение за време на градежните активности. Општина Битола ќе постапи според сите законски обврски за почитување на зададените временски рокови за изведба кон изведувачите, со цел навремено одвивање на градежните работи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани