Седнуваат зад волан без возачка, само вчера СВР Битола изрече 21 казна за вакви опасни "возачи"

Септември 07, 2023

 

 
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (06.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 88 возачи, меѓу кои
 
24 мерки за возење повеќе од дозволената брзина (12 во населено место и 12 надвор од населено место),
 
21 мерка за возење без возачка дозвола,
 
20 санкции за непрописно паркирање.
 
Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење, две мерки за некористење на сигурносен појас, две санкции за управување под дејство на алкохол....
 
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани