2win800x200

Зајкова: Доста е од лицемерие и големи патриоти кои никогаш не го подметнаа грбот во клучните моменти за државата

Септември 16, 2023

Наша обврска е Македонија да стане земја на европски вредности во која на граѓаните ќе им се врати довербата и надежта дека внатрешните реформи се возможни и само тие ќе обезбедат подобар животен стандард и сигурна иднина. Либерал-Демократската партија ја презема обврската да биде гласот на обесправените граѓани, рече претседателката на ЛДП, Моника Зајкова на тематската конференција на партијата „Секој е важен! Овде и сега.” На настанот во Скопје денеска присуствуваа над илјада либерал-демократи од земјава и странство, политички партии, здруженија, димпломатски претставништва.

-Свесни сме за општествените аномалии, ги слушаме пораките на граѓаните, свесни сме и за сопствените слабости и затоа преземаме конкретни чекори кои треба да ги решаваат најгорливите проблеми. Секојдневно ги слушаме истите зборови на политичката сцена. Но овој свет не е само црн или бел, мозаикот го чинат различни бои. Држава не се гради и унапредува со суети, стравови, гол популизам, евтин национализам и создавање чувство на несигурност. Изминатите три децении покажаа дека патот до демократско општество во нашата држава е далеку потрновит од претпоставениот, додаде Зајкова.

Нема достапен опис.

Таа упати јасна порака и до членовите на партијата кои имаат јавни овластувања и располагаат со парите на даночните обврзници, сите кои евентуално не ја вршеле својата должност согласно нормите и потребите на граѓаните, оние кои заборавиле или ќе заборават дека се платени од народни пари за да служат исклучиво на јавниот интерес, ќе ја немаат честа и привилегијата во иднина да го носат дресот на ЛДП.

Нема достапен опис.

-Никој не е недопирлив ниту незаменлив! Сите ние приватно можеме да бидеме другари, но служба си е служба, дружба си е дружба, но Македонија е пред се! Мора да бидеме пример за посветеност, почитување, секојдневно да се потсетуваме дека сме свесни дека ние постоиме за граѓаните, а не обратно. Наша цел е да создадеме систем во кој кадровскиот потенцијал ќе биде распореден исклучиво по својата стручност и компетентност, а не по партиски заслуги. Принципот е секој да биде корисен таму каде може максимално да придонесе за исполнување на идната програма на Либералдемократската партија, рече таа.

Зајкова посочи дека и понатаму партијата ќе се води од принципите за унапредување на родовата еднаквост, правичната застапеност на заедниците и отсликување на мултиетничкиот карактер на нашето општество.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани