Пороен дожд, град, силни електрични празнења и засилен ветер го зафатија реонот на Битола, ноќеска околу 3 часот.
И денес на повеќе места ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, особено во западните делови информираат од УХМР . Дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.









