2win800x200

Нова сензорна соба за Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола

Септември 25, 2023
Официјално започна со работа нова сензорна соба во склоп на Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Битола.
 

Секое дете ни е важно и затоа овозможуваме еднаков пристап на децата со попреченост до правата и до услугите за секое подеднакво, истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за време на посетата на битолскиот Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, каде промовира донација – сензорна соба, опремена по највисоки стандарди.

Министерката Тренчевска во изјава за медиумите потврди дека реформите продолжуваат затоа што секое дете е важно и тоа ќе се врши се додека во сите општини и сите населени места не се овозможи еднаков пристап на лицата со попреченост до социјалните услуги.

Можно е да е слика од осветлување и спална соба

-Најдобри резултати за граѓаните дава соработката меѓу граѓанскиот сектор, приватниот сектор и институциите во рамки на владата. Како Министерство за труд и социјална политика и како влада покажуваме дека за нас лицата со попреченост се висок приоритет. Тоа го покажавме во минатата, но и во оваа година со покачување за 30 проценти на правото за посебен додаток за лицата со попреченост и за децата со попреченост, како и на правото за попреченост за 14,2 проценти. Меѓутоа, покрај материјалните права, работиме и на воспоставување на широка палета нови услуги кои што се наопходни за децата и за лицата со попреченост. Воспоставуваме дневни центри за индивидуален третман на децата и лицата со попреченост, отвораме дневни центри, помош и нега во домот за лицата со попреченост, лична асистенција, образовни асистенти, а со воспоставувањето на социјалните услуги и во најоддалечените места во државата, односно во руралните средини, покажуваме дека секое дете ни е важно и овозможуваме еднаков пристап на децата со попреченост, до правата и до услугите за секое подеднакво. Никој не е изоставен, затоа што секое дете за нас е важно и се додека во сите општини и сите населени места не овозможиме еднаков пристап на лицата со попреченост до социјалните услуги, ние нема да застанеме со реформите, и со унапредувањето на правата на лицата со попреченост, нагласи Тренчевска.

Донацијата за современата сензорна соба ја обезбедија австриската граѓанска организација „ДЕЦА“, компанијата „Интерворкс“ како општествена одговорна компанија и Центарот за социјална работа во Битола.

Можно е да е слика од 3 луѓе и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани