АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Димитар Кузмановски е новиот претседаел на ОО на ЛДП Битола. Синоќа на деветтото изборно собрание на партијата ја доби довербата да раководи со една од најголемите општински организации на ЛДП.
Кузмановски во партијата членува од дете, од 17 годишна возраст и се смета за еден од добрите познавачи на политичките состојби не само во својата партија туку и воопшто како познавач на политичкиот живот во државата.
-Тука пораснав, созреав и учев за политика базирана на вредности и норми кои градат една вистинска личност, вистински либерал демократ.
Тој 23. Јаунари 2006 година членската карта ја добив лично од тогашниот претседател на ЛДП, а сегашен министер за локална самауправа господинот Ристо Пенов“, рече Кумановски на обраќањето пред делагатите каде присуствуваше и претседателката на ЛДП Моника Зајкова и секретарот Боби Мојсовски.
-Сите овие функции кое досега сте ми ги довериле немаше да бидат ако не учев и соработував со еден претседател како што беше Александар Касапов, со сегашниот потпретседател Валентин Груевски, со поранешниот претседател Горан Милевски, долгите разговори со луѓе кои ги поставиле темелите на битолската ЛДП како што се моите пријатели и сопартијци од „тајфата“ и на кои сум искрено благодарен, рече Кузмановски.
Тој се осврна на политичките состојби на локално ниво.
-Во изминатите две години имавме самостоен настап на локалните избори, избори каде ЛДП Битола за Советот освои 2430 гласови, а за градоналачник 3350 гласови. Водевме една ислкучително позитивна кампања исполнета со по неколку настани на ден, разговараме со многу граѓани преку кои ја креиравме и нашата програма базирана на реално остварливи проекти за битолчани. Ангажманот на сите нас беше на високо ниво преку кој покажавме дека сме организирана партија спремна за сите предизвици. На крајот од денот резултатот не беше како ние што посакувме бидејки граѓаните на Битола во тој период дадоа поддршка на граѓанските движање што резултира со пад на гласовите кај сите политчки партии кои настапуваа на локалните избории 2021 година. Добро е да се знае иако кај нас предизвикува дополнителна тежина и горчина дека уште 50тина гласови ни недостасуваа за да го освоиме и вториот советник на штета на ВМРО-ДПМНЕ која е сега владеачка партија во Советот, рече новиот претседател на ЛДП Битола.
Кузмановски е уверен дека во ОО на ЛДП Битола има луѓе со капацитет и потенцијал со менаџерски способности, со домаќинска и посветена работа, и како што рече - „најважно е што за ниту еден член од ЛДП што бил на позиција не се случило да излезе некоја афера или коруптивен скандал што докажува кои се луѓето на Либерално демократската партија.“
Кузмановски ја презема ОО на ЛДП во период кога следуваат парламетарни и претседателски избори.
-Пред нас е една исклучителна битка за просперитет и на државата, на градот Битола и ЛДП како партија. Следната пролет не очекуваат два избони циклуси, а со тоа и нашиот ангажман ќе треба да е на високо ниво со речиси секојдневни активности како медумски така и теренски. Секој од нас ќе биде ангажиран со задачи и цели кои ќе треба да се извршуваат и сето тоа да го насочиме за да се вратиме таму каде што припаѓаме, а тоа е трета политичка партија во Битола. Ако сакаме успех секој од нас треба да има свое место во мозаикот“, рече Кузмановски.
Кузмановски најави дека веќе се детектираат проблемите на градот, а ќе се насочат и кон привлекување на млади во партијата -„бидејки партија без млади не може да цели на висок успех.“.
Кузмановски најави дека ЛДП Битола во наредните десетина денови ќе добие уште две раководни позиции како централна власт во Битола.
-Никој нема да биде изоставен и заборавен како што и во минатото тоа го правевме, но нема да дозволиме членови од ЛДП да влегуваат во самата партија само со калкулатор во џебот“, порача Кузмановски пред делагатите и се заблагодари на преседателката Моника Зајкова која „во изминатиов период застана цврсто зад битолската општинска организација и ние таа поддршка треба да ја оправдаме со резултати“, предочи Кузмановски.
Накрај Кузманоски рече дека ОО на ЛДП Битола е без фракции, без ниту еден член надвор од неа што е вистинска гордост за него.