АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од петок стапуваат во сила измените и дополнувањата на законот за акцизите кои се зголемени за цигарите, пурите и цигарилосите. За цигарите акцизата ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија.
За пурите акцизата ќе изнесува 21,73 денари по парче и 9% од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9% од малопродажната цена.
Увозниците на цигари и пури се жалат дека со овие промени се дестимулирало работењето, и се стимулира шверцот, и тврдат дека владите никогаш со нив не се консултираат пред да носат вакви одлуки.
Од друга страна, акцизата за цигари во Македонија е меѓу најниските во Европа, а цената на цигарите и пурите е далеку пониска отколку во европските земји и регионот.