АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
После синоќешниот концерт во рамките на програмата на фестивалот на класична музика Интерфест Битола 2023, каде заедно со Битолскиот камерен оркестар настапи Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука, денес оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Амбасадорот и градоначалникот, ги искажаа големите впечатоци од концертот, договарајќи и идна соработка, особено од областа на културата, при што амбасадорот истакна дека, покрај што е голем вљубеник во културата и самиот е музичар.
Од двете страни, беше констатирано дека, соработката, уште повеќе ќе биде продлабочена преку збратимување на Битола и Чигасаки, за што со поддршка од Јапонската амбасада, од страна на Општина Битола, изразен е интерес до градоначалникот на Чигасаки, Сато Хикару, каде се изразува иницијатива за заедничко делување во повеќе области, во насока на зближување на двата народи.
Реализацијата на оваа иницијатива, ќе значи отворање на нови можности за соработка и размена на искуства помеѓу Битола и Чигасаки.