2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Новинарот и хроничар на Битола, Димче Миновски, е добитник на наградата 4 Ноември за животно дело

Октомври 30, 2023

Новинарот во пензија, писaтeл, општественик и хроничар на Битола, Димче Миновски, годинава е добитник на највисокото општинско признание, наградата 4 Ноември за животно дело. Вака одлучи Комисијата за нагардата 4 Ноември со која претседава претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, а брои уште осум советници во Советот. 

 

Миновски во својата долгогодишна и плодна кариера беше професионален новинар во Радио Битола, дописник на „Нова Македонија“,  спортски дописник на Радио Скопје, потоа публицист повеќе  книги за битолскиот спорт, автор на неколку  романи. Исто така бил претседател на АК Олимпија, претседател на СОФК-а на Битола, извесен период и на ФК Пелистер, портпарол на Гимнастичката федерација на Македонија итн. 

На денешната седница Комисијата одлучи  едногодишни награди да добијат Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ Битола, потоа Јован Стефановски-научен работник, самостоен истражувач, Гордана Такец- писателка, поет, уметник, Фанче Јошевска- д-р на науки во областа на техничките науки и Народниот театар Битола.

Наградите, традиционално ќе им бидат врачени на свечена академија по повод Денот на ослободувањето на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани