АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 4 Ноември Денот на ослободувањето на Битола, се одржа пријателски натпревар во фудбал меѓу екипата на Здружението на фудбалери и спортски клубови ЗФСК „Јованчо Димовски-Начко“ од Битола и екипата на „Конзули-Ветерани“. Во спортската сала „Павел Шатев“ натпреварот се одигра во пријателска атмосфера и резултат 3:2 за екипата на „Јованчо Димовски-Начко“. Головите ги постигнаа Оливер Петровски, Миле Николов и Игор Шундовски. Додека стрелци кај „Конзули-Ветерани“ беа Илче Поповски и Сашо Ристевски.