50 годишен охриѓанец загина кај Братиндол-СВР Битола со официјална информација за сообраќајката кај Братиндол

Ноември 06, 2023

Во 19,32 во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над с.Братиндол, битолско се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „вмв" со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани,ресенско и сопатник К.Ш.(25)од с.Царев двор,ресенско и патничко возило „рено клио"со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид . Од страна на Доктор во Клиничката болница во Битола,кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите а, додека кај сопатниците констатирани се повреди. Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, соопшти портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова  .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани