Денеска (10.11.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода А.П.(21) од Битола. Тој се сомничи дека од куќа во Битола одзел поголема количина риболовна опрема како и најразлични предмети. При претрес во неговиот дом,истиот извршен со судска наредба кај него биле пронајдени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








