Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 259 возачи, меѓу кои 78 мерки за возење повеќе од дозволената брзина ,52 мерки за возење без возачка дозвола, 55 возачи за управување под дејство на алкохол... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.