2win800x200

Велевски-Започнува реализацијата на 17 хуманитарни паркинг простори на ул. "Цар Самоил" и улица "Борка Левата"

Ноември 13, 2023
На иницијатива на советникот на Левица Горан Велевски Битола добива хуманитарни паркинзи 
 
-После изгласаната иницијатива, советничката група на Левица поднесе одлука во Советот на Општина Битола за хуманитарни паркинг простори кои ќе ги користат сите граѓани.
Одлуката е едногласно прифатена.
Започнува реализацијата на 17-те хуманитарни паркинг простори на улица "Цар Самоил" и улица "Борка Левата"
Овие хуманитарни паркинг места ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе паркираат на хуманитарен паркинг простор кој ќе биде обележан со црвена боја и посебна зона на дадената табла , паричните средства ќе се собираат во ставка Социјални Бенефиции од Буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат на ранливи категории, финансиска помош за болнички трошоци, донации и други социјални потреби, објави Велевски .
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани