АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сакаме да поразговараме за она што е важно за битолчани, а кое што понатаму би било дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори кои ќе се случат за неколку месеци од денес. Имајте предвид дека односот на владата на ДУИ и СДСМ кон општините каде што имаме градоначалник од редовите ВМРО-ДПМНЕ би рекол е се само не е државнички, намерно се опструираат проекти, не се инвестира, се одземаат ингеренции како што е и последниот случај со општина Битола во делот на образованието. И замислете каква дрскост одземени се ингеренции во делот на образованието во рок од 1 година, рече Мицкоски.
Лошата вест за владата на ДУИ и СДСМ е што за неколку месеци ќе има влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за жал нема да бидат тие таму каде што наметнуваат вакво насилничко однесување и одземаат ингеренции во рок од една година. Правдата ќе биде задоволена.И затоа сакаме да поразговараме директно со битолчани, да видиме што е тоа што е важно бидејќи планираме преку проектот децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините од прилика 46 милиони евра за Битола, односно од прилика 11,5 милиони евра на годишно ниво. И на тој начин сите оние потреби кои што до сега ги имаме детектирано, но и оние кои што дополнително денеска, но и до почетокот на кампањата ќе ги детектираме а се потреба на битолчани да ги реализираме. Сума од 46 милиони евра надвор од буџетот на општина Битола и јавните претпријатија, се пари кои ќе бидат директно финансирани од централниот буџет и ќе бидат инвестирани.
Денеска се наоѓаме пред влезот на Битола од страната на Прилеп, проект кој е вреден 2,5 милиони евра, или 150 милиони денари, и ако на тоа се додаде експропријацијата би достигнал вредност од 180 милиони денари.Ова е проект кој што очекуваме да биде опфатен со реструктуирањето на буџетот на крајот на годината, сега во декември, и преку амандманска интервенција од страна на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ од овде од Битола да бидат обезбедени тие средства кои што потоа ќе легнат на наменска сметка на Битола, и ќе можеме од пролет да се реализира овој проект, бидејќи проектот е готов, ревидиран и подготвен да се тендерира. Но, доколку тоа не се случи, тогаш ова ќе биде прв проект кој што владата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе го финансира заедно со спортскиот центар вреден околу 10 милиони евра, влезот од страната на Ресен повторно 2,5 милиони евра, нови 10 автобуси за јавното сообраќајно претпријатие на електричен погон, еколошки автобуси, итн, рече Мицкоски.