Здружението за македонско-германско пријателство и соработка во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ донираше книги на германски јазик од значајни германски автори, за училишната библиотека.
-Оваа донација е исклучително важна за нас, бидејќи учениците кои веќе зборуваат германски јазик, ќе имаат можност да изнајмат и читаат книги на тој јазик.
Им се заблагодаруваме за донацијата и посакуваме уште многу вакви заеднички соработки, велат од Горната гимназија.