АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Отвореното писмо Апла.мк ви го пренесува во целост
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Г-ДИН ЈЕТОН ШАЌИРИ
Од вработените и членовите на Училишниот одбор при ООУ „Александар Турунџев“ с Кукуречани
Почитуван министре,
По повод одземањето на ингеренциите на Општина Битола од Ваша страна на нашето училиште, во делот на назначување и разрешување директор, Ве замолуваме и повикуваме истото тоа решение за одземање на надлежностите, да го повлечете и повторно надлежноста да ја вратите на Општина Битола.
Сметаме дека донесувањето на вакво решение од Ваша страна е селективно и пристрасно и има за цел да се меша во изборот на директор на училиштето.
Имено, изминатите неколку месеци, создадовме позитивна училишна клима, што е и еден од најважните елементи при успешно одвивање на воспитно-образовниот процес, и за учениците и за наставниците.
Како што и сами напоменавте, дека ги штитите и секогаш ќе ги штитите правата на наставниот кадар, ве замолуваме и овој пат покажете го тоа на дело, дозволете ни да работиме и ја остваруваме нашата благородна дејност, како изминативе неколку месеци, кога со училиштето раководеше наш колега кој придонесе подобрување на училишната клима, подобрување на меѓучовечките односи, и сите заедно создадовме пријатно место за остварување на нашата дејност.
За да се уверите во сето ова, јавно Ве покануваме, пред да донесете било каква одлука, дојдете и посетете го ООУ,,Александар Турунџев,, .
Воедно, со средства од страна на МОН неодамна беа комплетно подобрени условите за работа за нашите ученици, па извршете увид во сите тие завршени градежни активности, и вие лично уверете се во работната атмосфера на нас, која не сакаме да ни се уништи.
Се надеваме на Ваша поддршка и разбирање