АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На подрачјето на Битола во периодот од 01.01-31.10.2023 година биле пријавени вкупно 634 настани „тешка кражба“ или бележиме намалување во однос на минатата година за – 47% кога биле регистрирани 1189 односно 555 тешки кражби помалку во споредба со истиот период од 2022 година. Во текот на 2023 година од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола реализирани биле 236 дела со што постигната е ефикасност во реализацијата од 37% . Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција, постојаното присуство на полициски службеници на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за намалување на бројката на извршени кривични дела, со тенденција намалувањето да продолжи и во наредниот период.
Во текот на 2023 година на подрачјето на СВР Битола пријавени биле 12 настани „разбојништво“, споредбено со лани кога за истиот период пријавени биле 18 настани со што бележиме намалување за -33%. Од пријавените настани расветлени биле 8 со што е постигната ефикасност од 73%, за разлика од лани кога била постигната ефикасност од 7%.