2win800x200

ВТОРА ГОДИШНА СРЕДБА НА АРХИТЕКТИ И УРБАНИСТИ

Декември 01, 2023
Во организација на Комората на овластени архитекти и инженери, односно Одделението на архитекти и Одделението на планери, денес во Офицерскиот дом во Битола, беше организирана Втората Годишна средба на архитекти и урбанисти. Темата на настанот беше „Архитектот де факто, визави Архитектот де јуре“, а присуствуваа архитекти и планери од целата држава, Министерот за транспорт и врски со претставници на министерството, како и гости од регионот и Европа.
Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот на општина Битола, истакна:
„Улогата на архитектите и урбанистите е од огромно значење за развојот и напредокот на градот, особено во времето во кое живееме, во кое истовремено мора да ги следиме барањата и потребите на новото време, но и соодветно да ја сочуваме старата архитектура, значајните културно историски објекти и спецификите на градот.
Токму затоа, како еден од најважните приоритети за нас како локална самоуправа е изработката на новиот генерален урбанистички план, која согласно законските процедури, веќе е во напредна фаза, за што морам да се заблагодарам за вклученоста на сите експерти од оваа област, што на крај верувам дека ќе резултира со изготвување на еден добар план, кој ќе даде детални параметри низ текстуален и графички приказ на планските решенија, како и бројчен дел со билансни показатли.
Верувам дека, на денешната средба ќе се извлечат конструктивни заклучоци во однос на актуелните прашања и состојби, но ќе имаме можност и низ еден визинерски и стручен пристап да се согледаат решенија кои нудат визуелна впечатливост, функционалност и јавна афирмација на трајните вредности“, рече градоначалникот Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани