2win800x200

ЛДП Битола со критики за општинските проекти

Декември 02, 2023
ЛДП Битола, со критика за работењето на Општината 
 
Поплавата и оставањето на Битола без вода за пиење како да живееме во 19 век, не натера да алармираме на сите пропусти во работењето на Општина Битола за да можат да се превенираат вакви катастрофи како вчерашната.
Имено ЛДП-Битола алармираше постојано дека кружниот тек кај Ат пазар е комплетно згрешен во планирањето, за денес да посочиме дека и изведбата на така згрешениот кружен тек е очајна.
Шахтите по само една недела од асфалтирањето се пропаднати и асфалтот тоне околу нив, што го прави целосно небезбеден и опасен за движење по него.
Зошто Општина Битола е толку неспособна да направи барем една улица како што треба, од тие малку што ги прави ?
-Ул. Зборска, не истекува водата во сливниците и стои на асфалтот.
-Булевар 1ви Мај кај Ленски Мост, два пати се прекопуваше асфалтот дури да се погоди.
-Кружниот тек кај Ат пазар згрешен и тесен, пропаднати шахти, кога врни наликува на базен,
Општина Битола 3 од 3.
Полн погодок,  го запустивте градот, објави од Општинската организација на ЛДП Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани