ЦУК со предупредување: Попладне се очекуваат врнежи од снег, возачите да користат зимска опрема или да ги избегнуваат планинските превои

Декември 07, 2023

Според УХМР, денес попладне и вечер на повисоките места се очекуваат врнежи од снег и температури околу и под нулата.

-Затоа апелираме до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечерва со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи или доколку патуваат да користат (или со себе да носат) зимска опрема. Ги повикуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР, велат од Центарот за управување со кризи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани