2win800x200

Гимназијалката Андреа Нешковска освои медал на Олимпијадата по природни науки во Банкок

Декември 09, 2023
На 20. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржува од 1 до 10 декември 2023 година во Бангкок, Тајланд, олимпијците од Македонија освоија 4 бронзени медали, и тоа:
• Андреа Нешковска, ученичка во прва година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ во Битола
• Даниел Христовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје
• Ивано Божиновски, ученик во прва година во „Математичко-информатичка гимназија“ во Скопје
• Елена Јовановиќ, ученичка во прва година во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје
На олимпијадата успешно се претставија и учениците:
• Андреј Доневски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово
• Мила Порјазоска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, Скопје
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодаруваат на водачите и на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот.
Во оваа прилика уште еднаш се заблагодаруваме и на ФД СН Финансии ДОО Битола од Битола кои целосно ги покрија трошоците за учество на оваа олимпијада.
Честитки за младите олимпијци и многу успеси и понатаму!, објави од Друштвото на физичари 
Општина Битола со 50.000 денари го помогна патувањето на Андреа Нешковска на Олимпијадата во Тајланд.
 
May be an image of 11 people and text
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани