2win800x200

ОПШТИНА БИТОЛА НЕМА ДА ОРГАНИЗИРА ОГНОМЕТ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ

Декември 13, 2023
Преку светлосни ефекти и 3 Д мапинг, Општина Битола, од минатата година, воведе нов начин на одбележување на Дочекот на Новата година, кој предизвика воодушевување кај пубиката и остави убави впечатоци.
Поаѓајќи од минатогодишното искуство, а во насока на почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани, општина Битола, нема да организира огномет на Новогодишната ноќ. „Зимската приказна“, ќе биде збогатена со соодветни содржини, кои без негативни влијанија, на полноќ ќе ја доловат радоста на убавите желби за годината што доаѓа.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани