Форумот на жени при СДСМ од Битола организираше Новогодишен базар пред седиштето на партија. На базарот се продаваше храна и новогодишни изработки. Собраните средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели во Домот за доенчиња, Заводот за деца со оштетен слух и говор и специјалните паралелки во училиштето ,,Ѓорги Сугарев".











