Две битолчанки на 32 годишна возраст фатени со дрога во индустрискиот дел на Битола

Декември 17, 2023

На 17.12.2023 во 01.05 часот на ул.„Индустриска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и М.К.(32), двете од Битола. При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото  биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја.   По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 16.12.2023 во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.Л.(35) и Ј.П.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Г.Л. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me