2win800x200

Одземено 2 годишно бебе на мајка која питачела пред „Борово“ во Битола, другите 4 деца ги оставила сами дома

Декември 20, 2023
фото СДК:МК фото СДК:МК

Полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи во Битола, на пешачка зона кај објект „ Борово“ во Битола вчера затекнале 26-годишна битолчанка со иницаијали Е.У додека питачела, држејќи го нејзиното двегодишно дете во рацете завиткано во ќебе. 

За тоа време, нејзините 4 деца на возраст од 4, 5, 6 и 7 години, биле оставени сами во нивниот дом.

Од страна на полициските службеници двегодишното дете е предадено на претставниците од ЈУМЦСР Битола со цел понатамошно преземање на мерки за заштита и згрижување.

По целосно документирање на случајот, против мајката со иницијали Е.У. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани