АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера, Старата битолска чаршија можеше да ја почувствува божиќната и новогодишната магија во духот на германската култура, јазик и традиција, како дел од „Зимската приказна“ на нашиот град.
Германскиот божиќен панаѓур, во организација на наставничките Елена Петков и Марина Атанасовска од ООУ „Коле Канински“ - Битола заедно со останатите наставници по германски јазик од основните и средните училишта од Битола, беше поддржан и од Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија, како и Гете-Институтот од Скопје.
- Да се зборува странски јазик е богатство, но да се зборува германски јазик во денешно време, во оваа дигитална ера, е придобивка која му овозможува на секого да цели кон повисоки остварувања на секое поле - рече Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на нашата земја.
Таа додаде дека наставата по германски јазик е многу повеќе од обично споделување на граматички правила и учење на фактографски податоци, затоа што германистите нудат енергија и разновидни активности, кои будат љубопитност и интерес за изучување на јазикот уште од најрана возраст.