АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со новогодишни пакетчиња им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на штитениците во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, како и во Заводот за рехабилитација „Кочо Рацин“.
Со цел разубавување на празниците на најмладите, Општина Битола донираше новогодишни пакетчиња и за повеќе здруженија и институции кои работат со лица со попреченост, како и за општинската организација на Црвениот крст, со што од општината донирани се вкупно 400 пакетчиња.