2win800x200

В недела во Битола ќе се одржи вториот меѓународен шаховски турнир „Штајниц 2024“

Јануари 17, 2024
Пеце Богдановски на ланскиот турнир Штајниц 2023 во Офицерски дом-Битола Пеце Богдановски на ланскиот турнир Штајниц 2023 во Офицерски дом-Битола

В недела, на 21 јануари, во хотел Милениум, битолскиот шаховски клуб „Штајниц“, ќе го одржи вториот меѓународен шаховски турнир.

-Станува збор за еднодневен шаховски турнир „Штајниц-2024“, ќе започне во 10 часот, има 9 кола а ќе земат учество 60 шахисти од Грција и Македонија, Од Скопје, Охрид, Прилеп, Битола. Предвиден е фонд за награди за првите пет места. Ова е втора година, но планираме шаховскиот турнир да премине во традиција, вели Пеце Богдановски, претседател на шаховскиот клуб Штајниц.

Шаховскиот клуб Штајниц е основан во 2022 година во Битола, во чест на првиот шаховски шамион во светот, Вилијам Штајниц.

- Наша цел е да создадеме заедница во која ќе се приклучат се повеќе млади шахисти кои континуирано ќе се развиваат и придонесат кон развој на натпреварувачки и спортски дух, а сè со цел усовршување и остварување на повисоки спортски резултати. Посветени сме на постојан развој и унапредување на младинските шаховски ентузијасти, запознавање на младите со оваа дисциплина и спортот воопшто, и формирање на здрави млади генерации, велат од шаховскиот клуб Штајниц.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани