АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рано утринава во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул. „Климент Охридски“ и ул. „Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот.
Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.