Советникот од независната група Поинаку, Иван Чулаковски, на својата ФБ страница апелираше градоначалникто Тони Коњановски да побара одгвороност од изведувачаот и надзорот за новиот кружниот тек кај Ветеринарната станица
-Јас да сум на ваше место ќе си побарам одгворност од изведувачот и надзорот. Нека си го направат како што треба, не за два месеци да се распаѓа, напиша Чуаковски.
Му одгвори градоначалникот Коњановски.
-Во интерес на јавноста и за информирање на советникот Чулакоски од ПОИНАКУ во врска со пишувањата за кружниот тек кај поранешната ветеринарна станица ситуацијата е следна.
Од страна на општинската администрација и надзорот се константирани забелешки при изведбата на завршниот слој не само на оваа локација и на уште една и истите ќе бидат отстранети на сметка на
изведувачите. Општина Битола додека јас сум градоначалник како и во минатото и во иднина сите недостатоци кои ќе бидат константирани ќе ги сносат самите изведувачи.За разлика од некои кои не знаат поинаку освен да критикуваат и да зборуваат празни зборови, без желба да превземат било каква одговорност, Општина Битола и јас како градоначалник дејствуваме отчетно, транспарентно и посветено во интерес на граѓаните.
Од ЛДП Битола потесртија дека укажуваа на проблемот и претходно
-Говоревме дека е згрешен овој кружен тек! Говоревме дека пропаднаа шахтите на истиот! Укажувавме дека, освен за гужва во која се чека и до 10 минути, не му служи за ништо на битолчани! Сега се распука и асфалтот на него, а е ставен само пред 3 месеци, стои на ФБ страницата на ЛДП-Битола.