АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 31.01.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(39) од Битола. При претрес во домот и просториите, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја, додека при претрес во неговото патничко моторно возило било пронајдено пакување со грутчеста материја. А.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 31.01.2024 во 20.20 часот на ул.„Кочо Рацин" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.А.(20) од Битола, В.Ј.(23) од с.Дихово, Г.Р.(20) од Битола и еден малолетник од Битола. При преглед кај нив, кај Б.А. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.