АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.Ова значи дека и граничниот премин Меџитлија нема да биде во фунцкија.
„Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се до завршување на блокадата за секаков вид патнички и товарни моторни возила“, потврдија за МИА од граничниот премин Меџитлија, откако грчките погранични служби ги известиле македонските погранични служби.
Деновиве земјоделците од северозападна Грција со тракторите протестираа без целосно затворање на сообраќајот, но денеска меѓународниот сообраќај на македонско-грчката граница од 11 до 17 часот, од грчкото село Ники, ќе биде затворен кон внатрешноста на Грција.
Во посочениот термин ќе биде запрен и сообраќајот за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја.