2win800x200

„Комуналец“ демантира - СДСМ лаже, Комуналец има ценовник за услуга со дигалка и нема злоупотреба

Февруари 16, 2024
Јавното претпријатие Комуналец, денес беше изложено на лажни обвинувања од страна на СДСМ, во кои се повикуваат на злоупотреба на средства и работа на претпријатието за приватни потреби.
Во интерес на вистината и транспарентно информирање на јавноста, но и заштита на угледот на претпријатието, во целост ги изнесуваме фактите за случајот за кој се изнесени невистинити информации
Во однос на споменатиот случај, ЈП Комуналец на ден 16.02.2024 година изврши услуга со дигалка на физичко лице, но без никаква злоупотреба, односно постапено е согласно важечкиот ценовник на претпријатието.
Во Ценовникот за услуги на ЈП Комуналец Битола донесен од Комисија за формирање на цени во претпријатието усвоен од Управниот Одбор на претпријатието со архивски број 02-478/1 од 01.09.2022 година, поточно во табелата од точка 6 „Работа со специјално возило корпа за работа на висина“ стои цена од 1680 денари на час. Услугата за користење на корпа за висина, која патем е вонредна услуга и се фактурира согласно претходно споменатиот ценовник му беше извршена на конкретното физичко лице на ден 16.02.2024 година а за истото постои испратница како и фактура.
Согласно наведеното, јасно е дека ЈП Комуналец постапува согласно законот во рамките на своите надлежности, со претходно утврдени цени, а сите други обвинувања се обид за манипулирање на јавноста.
Веруваме дека, редовните работни активности на претпријатието, во периодот што следува нема да бидат злоупотребувани во функција на политички маркетинг во предизборието.
ЈП Комуналец останува отворено за соработка со сите граѓани, за сите прашања кои се од јавен интерес.
 
 
Објавено од А.Б 
Можно е да е слика од текст кој вели „6. ценовник за вонредни услуги co специални возила 2 3 4 5 6 7 8 9 услуга носене на вода co цистерна од 7M3 машинско миене co цистерна рачно миене co цистерна работа co специјално возило бобкет работа co специјално еозило корпа за абота на висина услуга co трактор услуга co специално возило за метене метларка ранспорт co камион до 4M косене co трактор co мулчер цена без ддв 6.000 ден/тура 2.500 ден/час 3.000 ден/час 660 ден/час .680 ден/час 2.000 ден/тура 3.000 ден/час ден/ 2.190 ден/тон 1.500 ден/час J. Π. комуналец битола“
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани