АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советникот од Поинаку Иван Чулакоски ги нарече „матни пари“ донацијата од Европската делегација за изградба на велопатеките во Битола на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“. Чулакоски обраќајќи се до советниците од ВМРО ДПМНЕ им кажа дека нема да го стават на дневен ред проектот 'Смарт 4ју2' во вредност од 400.000 евра.
-И велосипедските ви кажав, ако се течеше по нормалниот по регуларниот пат, да дојдеше градоначалникот и да речеше-Луѓе абе има пари едни ни стигаат за 'Парк' да ги пренамениме да поминиме на Совет - ќе гласавме. А не противзаконски отишол некој и потпишал таму анекс-манекс и сега притисоци правиме 10 пати точката на дневен ред е ставена. Па денес уште два пати. И што? Неќиме бе! Ќе направиме со наши пари, неќиме со тие, такви матни пари!, рече Чулакоски од говорницата.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски од говорница го предупреди Чулакоски на говорот.
-Колега “матни пари од ЕУ, не знам? Мислам дека оваа изјава не ви беше добра, рече Бојкоски.
Чулакоски од советничката клупа довикна-Нека ме тужат!
Анета Блажевска