АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолските советници и покрај тензичната атмосфера ја изгласаа завршната сметка на општина Битола за 2023 година. „ЗА“ гласаа и СДСМ и Поинаку и ВМРО-ДПМНЕ, само двајцата советници од Левица гласаа против.
Ако денеска не се изгласаше завршната сметка Советот ќе се распуштеше, а советниците ќе одеа на нови избор. Градоначалникот на седницата им кажа дека - Со изгласувањето на завршната сметка, ќе ја потврдите вистинитоста на оваа теза, извинувајќи се јавно за сите напади против мене за некакво неработење, или гласајќи против, ќе го браните Вашиот став дека интересот на граѓаните, го ставате пред Вашиот финансиски и личен интерес како советници. Моја должност е да бидам во служба на граѓаните и така ќе продолжам да дејствувам во соработка со овој или некој друг состав на Советот, кој во следната година и половина, ќе биде поддржувач, но и коректив на работата на локалната самоуправа, но нагласувам: согласно Законите и во интерес на граѓаните, рече Коњановски .
А.Блажевска