2win800x200

Кој е нај-бабам во Битола? Од дивиденда наплати 8 милиони евра!, пишува Фактор.мк

Март 12, 2024

Вложувањата во зелена енергија се исплатливи само ако имаат бенефицирана цена од државата и ако струјата се произведува од ветар, од метан или од вода. Еве ЗК „Пелагонија“ чекаше седум години и од својата паметна инвестиција во „Пелагонија Енерџи“ наплати дивиденда од 8 милиони евра. За тие што не знаат, а мислат дека има пара во фотоволтаиците, „Пелагонија Енерџи“ прави струја од шталско кравјо ѓубре и за секој произведен мегаватчас наплатува 180 евра, објави faktor.mk

Од своето редовно работење ЗК „Пелагонја“ лани оствари добивка од 159.000 евра.Оваа добивка е остварена од приходи од продажба вредни 15 милиони евра. Заедно со дивидендата од „Пелагонија Енерџи“ добивката на битолскиот земјоделски комбинат изнесува 8,2 милиони евра.

 

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани