На 12 март 2024 година, директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола,
м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност Битола“ со седиште во Битола, застапувано од претседателот прим. д-р Нико Јанков.
Библиотеката со години работи на еднакви можности за сите лица кои живеат во нашиот град, а имаат некој вид на потешкотии.
Со
овој меморандум, нашата библиотека и здружението само ја потврдија соработката.
Дел од активностите предвидени со меморандумот се:
- взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата;
- учество, соработка и реализација на заеднички проекти;
- одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.; работилници за уметност и занаетчиство, промовирајќи ја креативноста и само изразувањето;
- часови со приказни за деца кои се фокусираат на теми за инклузивност, различност и прифаќање и уште голем број активности кои можат да се реализираат взаемно во просториите на нашата библиотека.
Објавено од А.Б