Не наседнувајте на лажни СМС пораки наводно испратени од „Македонска пошта“

Март 13, 2024

Лажни СМС пораки, наводно испратени од „Пошта на Северна Македонија“ ги вознемируваат битолчани. Во пораките стои дека - вашиот пакет пристигна во складот и не може да биде доставен поради неполни податоци на адресата. 

Од тука се бара од граѓанинот да даде лични податоци. Телефонот на испраќачот е од странство. 

Од СВР Битола апелираат граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и додаваат дека лани биле пријавени 7 случаи на измамени граѓани. 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани