
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Цистерна со плин е превртена на патот во близина на битолското село Вашарејца, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Возачот на цистерната, се здобил со лесни повреди и од страна на Итната медицинска помош е пренесен во битолската клиничка болница, објави .
Сообраќајната несреќа, додаваат од ЦУК, се случила утрово во 09:30 часот по што веднаш биле известени во Територијалната противпожарна единица Битола. На местото биле испратени четири пожарникари со едно противпожарно возило.
Екипи на Министерството за внатрешни работи се излезени на терен, а за подигнување на цистерната се чека механизација.
Фото МИА
Обајвено од А.Б