АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гордана Темелковска Костовска и Мимоза Богданоска Јовановска се предложени за нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола. Предлог – номинацијата е потпишана од Тони Јосифоски и од „Кара“ ДООЕЛ Скопје, друштво за производство, трговија и услуги, акционери кои заедно поседуваат 5,29 проценти од вкупниот број акции со право на глас. Предлогот ќе се разгледува на претстојното акционерско Собрание објави порталот pari.com.mk
Темелковска Костовска е магистер по економски науки и меѓународна трговија со меѓународен маркетинг. Има 31-годишно работно искуство во финансискиот сектор. На позицијата финансов директор е 24 години, а таа фунција сега ја врши во „Руле Турс“.
Богданоска Јовановска е доктор по административни науки. Од 2022 година е редовен професор на битолскиот Факултет за информатички и комуникациски технологии. Како вработена на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола има 15 години работно искуство во високото образование.
Извор pari.com.mk