АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ го распиша конкурсот за доделување на највисокото општинско признание за физички и правни лица за значајни остварувања во разни сфери од животот. Конкурсот е отворен денеска, 4 09.2018 и ќе трае еден месец.
Наградата се доделува во две категории -едногодишна, за достигања во перидот од 1.08.2017 до 31.07.2018 година и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.
Едногодишната награда се доделува на правни и физички лица, додека наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.
Право да предложат кандидати имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци, а предлогот треба да биде детлно образложен во писмена форма, во 10 примероци, а за кандидатите поединци да содржи и кратка биографија.
Предлозите се поднесуваат до Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“.