АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почна учебната година за 782 првачиња и останатите основци во 12 училишта во Општина Битола, како и за средношколците во 6 општински средни училишта. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска го посети ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, од каде на сите ученици им посака успех во новата учебна година, посебно охрабрувајќи ги првоодленците. Со цел поттикнување на спортскиот дух и кај најмалите ученици, Петровска на сите одделенија со првачиња им подари фудбалски топки.
-Успешен почеток на новата учебна година, на првачињата, но и на сите ученици и не само во ова училиште, туку и во сите училишта во Општина Битола, успешна година, да се стекнат со знаења, коишто исклучително ќе им значат во следниот дел на нивниот живот. Во ова училиште има 53 првачиња, што мене ме радува, затоа што знаеме дека е училиште во кое мораме да работиме и во иднина да има уште повеќе дечиња, затоа што има прекрасни услови и убедена сум дека во тоа ќе успееме во следниот период“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
Училиштетот „Ѓорѓи Сугарев“ е едно од ретките каде бројот на првачиња е поголем од лани.
„Оваа година имаме 53 првачиња во редовна настава и 3 првачиња во посебните паралелки. Во нашето училиште бројката на првачиња е поголема од минатата година и очекуваме да стигне до 80 ученици, затоа што кај нас се очекува и подоцна да се запишат ученици, поради условите во кои се наоѓаат“, изјави Валентина Стојковска, директор на ОУ Ѓорѓи Сугарев во Битола.