2win800x200

Наставничката Наташа Тодоровска преку фејсбук успеа да обезбеди училишен прибор за учениците од социјалните семејства

Септември 04, 2018

Наташа Тодоровска, одделенска наставничка во ОУ „Ѓорги Сугарев“ преку фејсбук групата „Битолчанки на кафе муабет“ успеа да обезбеди ранци  и училишен прибор за децата од ранливите категории на семејства, кои се школуваат во ова училиште.  Тодоровска со својот повик  обезбеди педесет нови ранци и  училишен прибор  од приватната  фирма Inter Works  од Битола која се одзвала на повикот и тоа со понуда наставничката да каже  што им е потребно на децата.  

-Ни донираа ранци и ученички прибор  нови, но и користени, ама зачувани, се со цел за да можат да помогнат на нашите ученици. Особено голема благодарност до менаџментот на фирмата Inter Works, нивната донација навистина не изненади и воодушеви, вели Тодоровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани