2win800x200

Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги“

Мај 27, 2024
Во рамките на проектот „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA /Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги“ на 17.5.2024 година се одржа настан за дисеминација на создадената платформа за е-учење со цел стекнување на знаења и вештини за користење на достапните е-услуги во нашата држава.
На настанот присуствуваа претставници од Општина Битола, Центарот за вработување – Битола, локални претпријатија и наставници, професори и претставници од ромската заедница.
Платформата за онлајн учење содржи 6 курсеви, и тоа:
- Курс 1: Персонален компјутер – работа и составни делови;
- Курс 2.1: Работа со MS Word;
- Курс 2.2: Работа со MS Excel;
- Курс 2.3: Работа со MS PowerPoint;
- Курс 3: Работа со Интернет и електронска комуникација - Курс 4: Работа со социјални медиуми
- Курс 5: Платформи за онлајн учење и состаноци
- Курс 6: Работа со платформи за е-услуги.
Платформата е достапна преку линкот https://learning.diraproject.org/home
Главна цел на проектот е да се оспособат возрасните Роми и социјално исклучените лица да го користат потенцијалот на електронските услуги и да се вклучат во дигиталното општество. Ова им дава можност да бидат активни учесници во социјалниот, економскиот и културниот живот во нивните заедници. Преку платформата за е-учење, учесниците стекнуваат не само технички вештини, туку и знаења за користење на различни е-услуги кои им се достапни во нашата држава. Овие вештини не само што ги олеснуваат нивните секојдневни активности, туку и ги воведуваат во светот на дигиталната комуникација и информатика, што може значително да го зголеми нивниот пристап до образование, работа и други важни ресурси.
444920572 311945298640966 5124332972010282854 n
Важно е исто така да се истакне дека овој проект не само што ги подобрува животните услови на учесниците, туку и креира можност за подобрување на инклузивноста и диверзитетот во општеството. Секој човек, независно од неговата етничка или социо-економска припадност, има право на пристап до образование и можност за развој на своите потенцијали.
Проектот е финансиран од страна на Националната агенција на Финска преку Еразмус + прогрматата на Европската Унија. Координатор на проектот е фондацијата „Деаконес“, партнери се организации од Италија, Србија, а од Северна Македонија „Сумнал“ заедно со Факултетот за информациски и комуникациски технологии – Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани