2win800x200

Со мачета и со метална палка се заканувале тепачите пред слаткарницата на Широк Сокак

Јуни 08, 2024

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик.

 

„На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата Широк Сокак, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи.

Двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани. За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од 8 дена“, соопшти Јавното обвинителство.

За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од осум дена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани