2win800x200

МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ! НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ (локално невреме)

Јули 02, 2024
Битола денес облачно со силен ветер фото Апла.мк Битола денес облачно со силен ветер фото Апла.мк
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.
Во Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и локална појава на град.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја,информира УХМР
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани