2win800x200

Општина Битола известува - КРИЗНИОТ ШТАБ СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА

Јули 02, 2024
Невреме проследено со силен ветер и дожд, попладнево ја зафати Битола. Екипите на територијаната противпожарна единица веќе интервенираат на две локации каде што избувнаа пожари, а дополнително интервенираат и екипите на јавните претпријатија. Штабот за заштита и спасување во координација со градоначалникот Тони Коњановски е ставен во целосна функција и со својата оператива дејствува на терен.
Од добиените информации состојбата со пожарите е ставена под контрола, а по стабилизирање на временските услови, јавните претпријатија ќе продолжат со расчистување на сите локации во градот, каде што е неопходно.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани